еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија вели дека нацрт мировниот договор предложен од Украина е „неприфатлив“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска нагласи дека нацрт-мировниот договор предложен од Киев на Москва содржи „неприфатливи“ елементи.

Тој доаде дека Русија сепак ќе продолжи со преговорите и ќе работи на исполнување на сопствените безбедносни барања.

-Мировните разговори Москва-Киев не напредуваат толку брзо како што се посакува, рече Лавров, обвинувајќи го Западот дека се обидува да влијае со привлекување внимание на наводните воени злосторства за кои Москва негира одговорност.

– Украина во средата предложи мировен договор што отстапува од предлозите претходно договорени од двете страни. Оваа неможност повторно да се постигне договор ги покажува вистинските намери на Киев, да се повлече од договорот и да ги расипе преговорите, бидејќи се откажува од договореното, рече Лавров.

– Предлозите на Киев се „неприфатливи“, нагласи тој.

Официјален Киев се уште не ја коментираше изјавата на шефот на руската дипломатија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 998 оздравени од Ковид-19

Редакција

Бугарија не го признава македонскиот јазик, Протоколот е составен дел од „францускиот предлог“, вели Генчовска

Редакција

Две починати лица пронајдени во нивните домови во Скопје и Битола

Редакција