еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) Прилепски средношколци за празниците со онлајн-претстава „Корона тајмс“

По повод новогодишните и божикните празници, драмската секција „Слободно театарче” во средното медицинско и козметичко училиште „Ѓорче Петров” во Прилеп подготви онлајн комична претстава, насловена „Корона тајмс”.

Текстот и сценариото е на Филип Стојаноски, а режијата на менторот – професорката по македонски јазик Билјана Тинтоска. Монтажата е на Дарио Волнароски.

Според Тинтоска, учениците се креативни, сакаат да работат и да ја отсликаат ситуацијата.

-Пробите и снимањата се реализираа онлајн. Учениците навистина се креативни, ентузијастични, сакаат да работат и, секако, да ја отсликаат ситуацијата која не затекна со коронавирусот и го измести нашето живеење.

Членовите на секцијата покажаа дека на човек му се потребни волја, желба и труд за да ги надмине предизвиците. Драмската секција ги обединува сите генерации наши ученици. Во неа активно и ентузијастички учествуваат и поранешни наши ученици. Затоа, изразуваме посебна благодарност кон Филип Стојаноски и Дарио Волнароски, за ентузијазмот и поддршката, рече Тинтоска.

Улогите ги толкуваат: Филип Стојаноски, Теона Крстеска, Сања Дамеска, Фросина Трајкоска, Фросина Петреска, Илија Кулески, Теодора Велкоска, Леонид Момироски, Василиј Пенков, Џеладин Шериф, Ангела Кочоска, Бојан Гиноски, Ѓорѓи Ацески Печијарески, Марија Недеска, Лидија Макалоска, Ирина Јованоска, Христијан Паноски, Фросина Конеска.

 

МИА/Фото: Општина Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Учениците на ОOУ „Лазо Ангеловски“ отсега ќе имаат книжарница во рамките на училиштето

Редакција

За Денот на рударите САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата

Редакција

Доделени наградите за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите во време на Ковид-19

Редакција