еМагазин
Свет

Како Илон Маск стана најбогатиот човек во светот

Богатството на основачот на „СпејсЕкс“, Илон Маск, се зголемило до 188.5 милијарди долари, се дознава од најновиот Индекс на милијардери на Блумберг.

Со ова, Маск го надмина основачот на Амазон, Џеф Безос за 1.5 милијарди долари и стана најбогатиот човек во светот.

Пораснатите акции на тргувањата на берзите вчера за 4.3 отсто на производителот на електро автомобили, Тесла, придонело за зголемување на богатството на Маск, пишува Блумберг.

-Чудно, напиша тој во соопштение на Твитер во одговор на оваа информација.

-Добро, назад на работа, додаде тој.

Маск го освои второто место на рејтингот на Блумберг во ноември, надминувајќи го соосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Според агенцијата, Гејст моментално вреди 132 милијарди долари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како функционира израелската „Железна купола“, системот за противракетна одбрана

Редакција

Нагло опаѓа нивото на антитела по 2-3 месеци од оздравување од Ковид-19

Редакција

Бугарија и Полска остануваат без руски гас

Редакција