еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Како функционира израелската „Железна купола“, системот за противракетна одбрана

Откако палестинската милитантна група Хамас во саботата истрела огромен број ракети кон Израел, земјата повторно се потпре на системот за противракетна одбрана „Железна купола“.

Според Си-ен-ен, „Железната купола“ е една од најважните алатки во арсеналот на Израел за спасување безброј животи за време на различни конфликти во изминатата деценија. Тоа е многу ефикасен систем, а израелските одбранбени сили (ИДФ) во мај соопштија дека „Железната купола“ имала 95,6 проценти успех за време на ракетните напади од страна на палестинската милитантна група „Исламски џихад“.

Мобилниот систем за противвоздушна одбрана се состои од 10 батерии, од кои секоја има три до четири ракетни фрлачи.

Развојот на „Железната купола“ почна во 2007 година, а по тестирањето во 2008 и 2009 година, првите батерии станаа операбилни во 2011 година, додека оттогаш системот неколку пати е надградуван.

„Железната купила“ е дизајнирана да соборува дојдовни проектили и е опремена со радар што детектира проектили во опсег од четири до 70 километри, а потоа користи систем за команда и контрола што брзо пресметува дали проектилот што доаѓа е закана или веројатно ќе погоди ненаселена област.

Доколку проектилот претставува закана, системот истрелува проектили за да го уништи во воздух. Стапката на успешност на системот достигнува повеќе од 90 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

(Вознемирувачки видеа) Појасот Газа е срамнет со земја по нападот на Израел

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народниот правобранител распиша тендер за набавка на возила тежок 1,6 милиони денари

Редакција

(Фото) Почна продажбата и на становите во третата кула во комплексот „Diamond of Skopje“

Редакција

Нови 554 случаи со Ковид-19 од 3.477 тестирања

Редакција