еМагазин
Image default
Локално

Детали од МВР: „Играле“ ножеви и пиштоли на бензиска во Гази Баба, двајца повредени

На 06.01.2021 во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинската пумпа на подрачје на Гази Баба има едно повредено лице, информира МВР.

„Подоцна била добиена информација дека со патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, С.И.(33) од с.Сингелиќ бил донесен повреден со остар предмет во Градската општа болница „Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Додека од местото на настанот, во Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ бил пренесен Е.Е.(31) од с.Арачиново, со прострелна рана и од доктор му се констатирани тешки телесни повреди.

На местото на настанот обезбедени се патничко моторно возило„сеат“ со скопски регистарски ознаки, патничко моторно возило„голф“ со скопски регистарски ознаки, чаури и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шестмина обвинети за измами со купопродажба на автомобили

Редакција

Општина Центар не се откажува од мораториумот за градба

Редакција

МВР со детали за пукањето во Тафталиџе: Го убил зетот и го ранил внукот

Редакција