Припадник на полициските сили почина од здобиените повреди во немирите предизвикани пред два дена од страна на приврзаниците на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, во Капитол Хил во Вашингтон, соопшти полицијата.
Полицаецот Брајан Сикник е петта жртва во немирите, откако претходно е објавено дека четири лица загинале кога приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот со цел да го спречат Парламентот да ја верификува победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.
– Полицаецот Сикник одговори на немирите во средата, 6 јануари 2021 година, во американскиот Капитол и повреден е додека бил во физички судир со демонстрантите, нагласи полицијата во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонското сценарио од 27 април во Конгресот на САД: Светот „вџашен“ од почетокот на 2021 година
МИА/Фото: CBC News