еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонското сценарио од 27 април во Конгресот на САД: Светот „вџашен“ од почетокот на 2021 година

Лавина реакции во македонската и светската јавност предизвика вчерашниот упад на поддржувачи на претседателот Доналд Трамп во Конгресот на САД со цел да ја спречат верификацијата на мандатот на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Македонските граѓани на социјалните мрежи со доза на сеир и неверување коментираат дека никој досега не помислил дека сценариото за настаните што се случија во македонското Собрание на 27 април, 2017 година може да се оствари во САД, која важи за една од најразвиените демократии во светот.

Бројни светски официјални лица на социјалните мрежи реагираа на настаните во Вашингтон, главно со коментари дека се изненадени, загрижени и шокирани од тековните настани и му дадоа поддршка на новоизбраниот претседател Џо Бајден

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека е шокиран од сцените во Вашингтон и дека резултатот од изборите мора да се почитува.

„Шокантните сцени во Вашингтон, резултатот од овие демократски избори, мора да се почитуваат“, објави тој на Твитер.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, рече дека е загрижен за сцените што ги видел.

„Демократските гласови мора да се почитуваат. Убедени сме дека САД ќе обезбедат заштита на правата на демократијата“, напиша тој на оваа социјална мрежа.

Шпанскиот премиер Педро Санчез наведе дека верува во силата на американската демократија и дека верува дека новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе го надмине овој момент на тензичност и ќе го обедини американскиот народ.

И повеќе македонски политичари го осудија насилството во САД.

Поддржувачите на Трамп не успеаја, а Конгресот го потврди изборот на Бајден за претседател, со што се покажа дека демократијата и покрај сите закани знае да го најде својот пат. Жално е што четири лица со живот ја платија цената за вчерашните нереди.

Ако 2020 беше една од најтешката и најчудни години поради појавата на Ковид-19, прашање е што може да се очекува од 2021 година којашто почна со обид за „пуч“ во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конгресот ги потврди гласовите, Џо Бајден е нов претседател на САД

(ВИДЕО) Шокантни снимки од упадот во американскиот Конгрес

(Видео) Четворица починати и 52 приведени при упадот во Конгресот на САД

(ВО ЖИВО) Приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот, во Вашингтон воведен полициски час

Фото: АП/Jose Mangana

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР „загрижено“ за правата на Бугарите во Македонија, ама не и за чувствата на Македонците за Иван Михајлов

Редакција

Познати причините за смртта на Вања и Панче, нема да бидат објавени јавно

Редакција

Минусни температури на Попова Шапка и Лазарополе

Редакција