На 06.01.2021 во 14.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во приватна болница „Систина“ на 05.01.2021 донесено е повредено лице од огнено оружје, информира МВР.
Според пријавата, на 05.01.2021 околу 15.30 часот во помошен објект во атар на с.Врапчиште, 16 годишен малолетник од с.Врапчиште ракувајќи со воздушна пушка со еден истрел погодил друг малолетник од с.Врапчиште.
По настанот повредениот е префрлен во приватна болница „Систина“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистувaње на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.