еМагазин
Локално

181 санкциониран возач во Скопје: 36 за управување со брзина поголема од дозволената

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, од кои 36 за управување со брзина поголема од дозволената, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 13 за користење на мобилен телефон и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот,“ информираат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице убиено, тројца повредени во пресметка во скопско Батинци

Редакција

МВР во акција: Санкционирани 160 прекршоци на мотоциклисти

Редакција

Само во Македонија: Затвореник од Идризово „глумел“ директор и нарачувал стока преку телефон

Редакција