еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Албанија денеска почнува со вакцинацијата против Ковид-19

Во Албанија денеска почнува вакцинацијата против коронавирусот, изјави премиерот Еди Рама.

– Добри вести. Почнува вакцинацијата против Ковид-19, напиша Рама на својот фејсбук-профил.

Деталите за процесот на вакцинација се уште не се познати.

Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и БиоНТек.

Рама на 1 јануари, врз основа на планот за вакцинација, изјави дека првите 10.750 дози од вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецов, а уште 30.250 дози во февруари.

Пред неколку дена тој го посети стадионот „Ер Албанија“ заедно со министерката за здравство Огерта Манастирлиу. Стадионот ќе служи како прв центар за вакцинација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци во Скопје, Охрид, Куманово…

Редакција

Синдикалната минимална кошничка во јуни зголемена за 3.400 денари во однос на јануари

Редакција

Од Ковид-19 починале 8 лица, сите со коморбидитети

Редакција