еМагазин
Image default
Бизнис

Горан Сугарески назначен за в.д. директор на Царинската управа, Ѓоко Танасоски разрешен од функцијата

Досегашниот директор на Царинската управа Ѓоко Танасоски е разрешен од функцијата, а на негово место за вршител на должноста директор е назначен поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески.

На денешната 38-ма седница на Владата донесени се уште неколку кадровски решенија.

За в.д. заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување е именуван Зулфикар Зејнулаи, а за в.д. директор на Државниот управен инспекторат е назначена Кети Василевска.

Владата ја прифати и оставката на досегашниот директор на Националниот парк Галичица, Васко Паскали и на негово место го назначи Александар Миљовски.

На владината седница е разгледана и оставката на директорот на Агенцијата за енергетика Нехри Емрула со препорака до Управниот одбор на институцијата да го разреши и за вршител на должноста да го назначи Дарио Никловски.

Донесена е и одлука да му се препорача на Управниот одбор на јавното претпријатие Студенчица да го разреши директорот Урим Ахмети и на негово место да ја именува Ардита Дани.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Во обраќањето за 85. роденден на Алкалоид, Мукаетов им се заблагодари на сите генерации вработени во компанијата

Редакција

Раст на приходите, добивката и извозот на Алкалоид во првото полугодие

Редакција

„Finance Talks“ 2024: Поголема транспарентност, намалување на корупцијата и одржлив развој преку воведување на ЕСГ стандардите

Редакција