еМагазин
Image default
Бизнис

Владата усвои програма за рефундирање на средства за набавка на автомобил за лица со инвалидност

Владата денеска усвои програма за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2021 година.

„Оваа програма има за цел да овозможи полесен пристап до автомобил на овие корисници, а со тоа и нивна полесна мобилност и социјална вклученост во заедницата“, се наведува во соопштението од 38-мата владина седница.

Покрај ова, на предлог на Министерството за труд и социјална политика на денешната седница на Владата се усвоени и предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година, како и предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2021 година.

„Со оваа програма се уредува финансирањето за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година, како и изградба и опремување на градинки за деца, како дел од капиталните проекти и како дел од стратегијата за инвестиции во детската заштита и во раниот детски развој и грижа за социјално ранливите категории“, информира владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Издадени 390 одобренија за градба во јануари, за 50,6% повеќе од лани

Редакција

Поради измени во тендерската документација продолжен рокот за понуди на повикот за субвенционирани летови

Редакција

„Раде Кончар – Апаратна техника“ ја зголеми добивката

Редакција