еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија

По неколкугодишното присуство и успешно работење на романскиот пазар, „Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија, со назив „Alkaloid Bucharest S.R.L.“. Друштвото е 100 % во сопственост на компанијата, информираат од таму.

-Ваквиот деловен потег е дел од долгогодишната развојна, деловна политика на компанијата, во насока на главните стратешки определби што се однесуваат на глобализацијата на брендот „Алкалоид“ и со цел зајакнување на постојните извозни позиции, особено на пазарите во Европската Унија.

Имајќи предвид дека повеќе од 65% од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари. Во таа насока, новоотворениот правен субјект е седми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија, велат од компанијата.

„Алкалоид“ е присутен во Романија преку палетата на фармацевтски производи, како и преку програмата за хемодијализа, која вклучува неколку групи производи.

Реализираните продажби за 2021 година на пазарот во Романија изнесуваа 212,5 милиони денари, а во првата половина од 2022 година компанијата забележа раст од 140 % на овој пазар, споредено со истиот период од минатата година.

Со ваквиот потег „Алкалоид“ продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба – развој во деловните контури на извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 3,6%: Во јануари извоз од над 500 милиони евра

Редакција

Десетина коњи и мазги заклани во скопската Зоолошка, директорот разрешен

Редакција

Бугарскиот шоумен и лидер на партијата Има таков народ, Слави Трифонов ќе испрател „северномакедонски астронаут“ во НАСА

Редакција