еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарскиот шоумен и лидер на партијата Има таков народ, Слави Трифонов ќе испрател „северномакедонски астронаут“ во НАСА

Бугарскиот лидер на „Има таков народ“, Слави Трифонов, чија што партија е во тесна трка по бројот на добиени гласови за ГЕРБ на Бојко Борисов, во телевизиско гостување ги претстави приоритетите на Владата, која евентуално би се формирала по одржувањето на вчерашните парламентарни избори, кои по ништо не се разликуваат од тие во април.

Освен што вети нови градинки, патишта, болници, намалување на државната администрација, Трифунов изјави дека ќе направи се што е можно да прати бугарски, но и еден „северномакедонски астронаут“ во НАСА.

„Поднесување на апликација за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција затоа што само Бугарија не членува таму. Ќе направам се што е возможно, да испратам маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА.

Ќе направам се што е возможно кон нив да се присоедини и еден северномакедонски астронаут. За да не гледаме надолу во земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре, кон ѕвездите“, Трифонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГЕРБ на Борисов смета дека ќе има Влада од партиите кои протестираа пред една година

Избори во Бугарија: Води ГЕРБ на Борисов пред Има таков народ на Трифонов

Фото: Фејсбук/Трифонов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарски историчари и филолози пред празна сала во Европарламентот ја претставуваа „Вистината за Македонија“

Редакција

Топ 5 најниски нето плати во октомври

Редакција

Нови 344 случаи на Ковид-19, во Скопје 143

Редакција