еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Минимално зголемување на јануарските пензии по основ на усогласување со пораст на трошоците за живот

Пензионерите со јануарската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот кои во второто полугодие од 2020 година во однос на првото полугодие истата годинa изнесуваат 1,2 проценти, информира Министерство за труд и социјална политика.

„Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 185 денари на ниво на просечна пензија и 134 денари на ниво на најниска пензија.

Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата.

Почнувајќи од 2019 година покрај редовното усогласување се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%.

Покрај овие два начини на усогласување од 2020 година врз основа на одлука од страна на Владата може да се изврши уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15% и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5%,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикалната кошница во ноември 62.021 денари, поскапела за 772 денари

Редакција

Синдикалната кошница за октомври 61.249 денари

Редакција

Владата и општините скратија важни проекти за граѓаните во износ од 220 милиони евра за да ја „покријат“ кризата

Редакција