еМагазин
Image default
Локално

Не е полицаец: МВР го најде лицето кое објави видео на „Тик-ток“ како поминува патарина покажувајќи легитимација

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видео-клипот објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кој се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.

„Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (18.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.

М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите,“ информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео): На „ТикТок“ се фалат како минуваат патарина без пари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

62-годишен маж се самозадоволувал пред малолетничка, ја допрел и по телото

Редакција

Трајковски, сведокот на судењето за убиството на Вања и Панче обвинет за подметнување пожар

Редакција

Триесетдневен притвор за 20-годишникот од Драчево кој со нож ја уби својата баба

Редакција