еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Аутото со нова кампања за откуп на користени возила

Ми-Да Гранд Моторс заедно со Autoto почнаа нова кампања за откуп и комисиона продажба на користени возила од сите брендови, чија прва регистрација е во Македонија.

Возилата, не постари од 12 години, се изложуваат во салонот на Autoto и се продаваат под слоганот „Сигурни автомобили, среќни возачи“.

Според Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс, сите возила што ги откупуваат поминуваат проверка кај овластен сервис, при што се прави и проценка на вредноста на возилото.

„Нудиме одлични услови, односно имаме брза проценка на вредноста на возилата и ги откупуваме по реална пазарна цена. Исплатата на парите е во рок од 24 часа и откупната цена која ја договараме целиме да биде атрактивна за сопственикот на возилото. Возилата треба да исполнат неколку услови.

На пример да не е увезено, односно првата регистрација на возилото да е во Македонија. Потоа да не е постаро од 12 години. Се разбира треба да е во возна состојба и да не е под залог“, вели Заири од Ми-Да Гранд Моторс.

Со воведување на можноста за комисиона продажба на возилата, Заири објаснува дека обезбедуваат продажна услуга за оние сопственици што сакаат самостојно да ги продадат користените возила. Односно, сопствениците имаат можност возилата да ги изложат во салонот на Autoto и да добијат професионална помош од продажните агенти во салонот.

Возилата што се во продажба во салонот на Autoto може да се видат и на Фејсбук страната facebook.com/autotomk , а повеќе информации да се добијат на телефонскиот број 070 359 820.

Според трговецот, сопственикот има можност кога ќе го остави своето возило да одбере и да купи некое од изложените возила во салонот на автомобилскиот центар Ми-Да Гранд Моторс на улица „Босна и Херцеговина“ број 1, Скопје.

Autoto има развиено продажна мрежа на користени возила во неколку балкански држави – како Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Признание за „Витаминка“ за општествена одговорност и промоција на семејните вредности

Редакција

(Фото) Деца од ОУ Ѓоргија Пулевски донираа пари за топол оброк за нивните врсници кои неможат да си го дозволат

Редакција

(Фото) Храбри жени добија бесплатна трансформација на изгледот од дрогериите dm

Редакција