еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Намалување од 28%: За една недела 1.727 нови случаи на Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 21,8% во однос на минатата недела.

„Регистрирани сe 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 28% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=851; 49,3%), со неделна инциденца – 137,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 190,5/100.000 е регистрирана во Кавадарци.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19%, или во просек 14%, што претставува намалување од 2% во однос на минатата недела„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

32 деца до 9 години заболеле со Ковид-19 за една недела

Три лица биле на возраст од 30-49 години: За една недела 69 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грипот ќе ја усложни состојбата и со Ковид-19: Од денеска започна пријавување за вакцинација против сезонски грип

Редакција

Стевчо Јакимовски се враќа на обвинителна клупа поради сомнежите за злоупотреби во претходните мандати како градоначалник на Општина Карпош

Редакција

„Јас стварно незнам зошто се уште сме држава, а не нечиј протекторат„: Твитер реакции за одложеното заминување на Сеад Кочан во затвор

Редакција