еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 12 пациенти, а вкупно се лекуваaт 254

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 20 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 9 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 130 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонска државјанка спасена од давење во албанското одморалиште Шенѓин, друга ограбена во Валона

Редакција

Имаме информации дека луѓе од МПЦ, бизнис заедницата и партиите соработуваат со руски служби, вели Пендаровски

Редакција

Ревизорката на ИПА фондовите Афрона Веризволи ќе биде разрешена, нема сертификат

Редакција