еМагазин
Image default
Македонија

Одбраната на Камчев бара меѓународен мониторинг на судењето и на неговото право на „правично судење пред непристрасен трибунал”

Тргнувајќи од фактот дека Македонија е под мониторинг на Комитетот на Министри при Советот на Европа во делот кој се однесува на примената на мерката притвор и треба да постапува согласно со Акцискиот план, Владата на Македонија за извршување на оваа обврска и имајќи го во предвид незаконитото лишување од слобода, тортурата која беше потврдена и против правната и незаконита употреба на „сомнителни докази“, надвор од сите процедури и стандарди на дејствување од страна на Агенцијата за национална безбедност, како и јавниот напад на одбраната во случајот на Јордан Камчев, одбраната се обрати со отворено писмо до 47. министри за надворешни работи на
Совет на Европа, информираат од таму.

„Круцијалниот доказ со кој Судот располага и врз основ на кој Јордан Камчев е против законски лишен од слобода и му е повторно продолжена мерката притвор е целосно незаконит доказ, односно, не смее да биде доказ во кривична постапка.

Дополнително и покрај сите инсистирања од страна на одбраната, Судот одбива тој доказ да го обелодени, достави и презентира на одбраната.

Имено, Информација (заведена под СД бр. 02-545/1 од 14. март 2021 година) на АНБ врз која се заснова решението на Судот за лишување од слобода, не само што не е доставена до одбраната и Судот одбива да го стори тоа, Информацијата на АНБ е спротивна на член членот 43 од Законот за Агенцијата за национална безбедност и согласно на овој член, не може да се употреби како доказ во кривична постапка, но може да се користи за иницирање и насочување на кривична постапка.

Недозволливо е вршење на јавни напади и притисоци врз одбраната на Јордан Камчев, преку соопштенија и изјави што претставува директно мешање и дискредитација како на целокупниот предмет, така и директно на Јордан Камчев и на неговата одбрана,“ се вели во писмото.

Во него се додава дека „поради молкот на македонските институции во овој случај, до кои повторно апелираме да започнат да постапуваат согласно својот професионален интегритет, одбраната на Јордан Камчев бара меѓународен мониторинг на случајот односно, овој случај да биде дел од процесот на мониторинг на Комитетот на министри на Советот на Европа.“

„Меѓународен мониторинг се бара и поради директно кршење на Уставно загарантираните права и гаранции на Јордан Камчев на „слобода и безбедност”,„правото на ефикасна  и делотворна одбрана ” и на неговото право на „правично судење пред непристрасен трибунал”, како и дека бил субјект на нечовечко и понижувачко дејствување од страна на институциите на македонскиот систем кои му ја имаат ограничено неговата слобода,“ се потенцира во писмото.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предупредување за невреме: Поројни дождови ќе го „расипат“ продолжениот викенд

Редакција

Бујар Османи на Википедија преименуван во „Бугар Османов“ и „Бугар Осамени“

Редакција

Бугарскиот министер Каракачанов: Ние не брзаме, тие 28 години спореа со Грција

Редакција