Во периодот од 25.01. до 29.01.2021 од страна на полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје преземени се мерки и активности за спречување на социопатолошката појава „питачење“, при што биле приведени Р.А.(36), М.С.(24) и С.О.(38), сите од Скопје, и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
„Евидентирано е и едно малолетно лице, поради што во полициска станица била повикана нејзината мајка Л.С.(44) од Скопје, против која по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по чл.201 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.