еМагазин
Image default
Локално

Нелегални таксисти фатени на дело во Охрид

На 28.01.2021, при спроведени контроли во сообраќајот, Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид регистрира две лица кои вршат јавен такси превоз на патници без да поседуваат соодветна лиценца за таква дејност издадена од надлежен орган, информира МВР.

„На бул.„Туристичка“ во Охрид затекнато е патничко возило „сеат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.П.(53) од Струга, а на стариот регионален пат Охрид-Струга, при нелегален јавен такси превоз на патници, со патничко возило „нисан“, со струшки регистарски ознаки, затекнат е С.Т.(81), од струшкото с.Радолишта.

Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца жители на Виница физички нападнале двајца полицајци

Редакција

Кривична пријава за гинеколог од Велес која зела поткуп, па се пишманила

Редакција

Жена од охридско што се изгубила берејќи печурки, пронајдена е денеска

Редакција