Инвестициската група на шведскиот гигант за малопродажба Икеа купи земјиште под шума во југоисточна Џорџија за да ја заштити шумата од уништување и нејзиниот разновиден животински и растителен екосистем од истребување.
Групацијата Ингка, што е сопственик и управува со повеќето продавници на Икеа, купи 10.840 хектари земја во близина на сливот на реката Алтамаха, соопшти компанијата, јави Си-Ен-Ен.
– Ние навистина веруваме дека е можно одговорно управување со шумите и гледаме голем дел од нашата одговорност кон земјиштето што ги поседуваме – а со тоа и кон планетата – во пошумување и поголемо засадување отколку сеча, изјави директорот на инвестициите на „Ингка Инвестментс“, Кристер Матсон за Си-Ен-Ен.
Земјиштето, купено од непрофитната организација Фонд за заштита, е дом на повеќе од 350 растителни и животински видови, вклучувајќи го и загрозениот долголисен бор и големата копнена желка, кои сега се заштитени.
МИА/Фото: billow926 on Unsplash