еМагазин
Image default
Локално

Затворен угостителски објект во Кичево поради непочитување на работното време

Поради непочитување на работното време вчера е затворен угостителски објект во Кичево, соопшти МВР.

-Синоќа  во периодот од 19:00 до 22:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршиле акциска контрола во угостителски објекти во градот и приградските населби.

Притоа било констатирано дека угостителски објект, лоциран на ул.„Мара Угринова Гина“ во Кичево, не ги почитувал одредбите за пропишано работно време и останатите протоколи за работа на угостителски објекти, се наведува во соопштението од МВР.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден кавадарчанец кој со мотоцикл удрил во ограда од куќа

Редакција

Бизарен случај во Скопје: Дедо нападнал старица бидејќи не сакала да ја продолжи врската

Редакција

Сакал да заколе ветеринар во бачило бидејќи не му се допаднала постапката за субвенции

Редакција