еМагазин
Локално

Затворен угостителски објект во Куманово поради непочитување на работното време

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Ленинова“ во Куманово, при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти.

Во објектот биле затекнати осум лица – гости, пет вработени и сопственикот М.С.(34). Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен.

-По целосно документирање на случајот, против сопственикот М.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, се наведува во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дваесеттина повредени во судар на автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце

Редакција

Пукање во гаражите во трговскиот центар „Ист Гејт“, нема повредени

Редакција

Скопјани ги очекува пеколен метеж: Во наредните 40 дена градежни работи на мостот „Гоце Делчев“

Редакција