Штипската Клиничка болница очекува деновиве да се изврши техничкото примопредавање од компанијата, која ја постави модуларната болница.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека во оваа болница ќе има комплетно нов мебел и 47 болнички кревети.
-Во текот на утрешниот ден или задутре ќе ја распишиме и јавната набавка за поставување на станица за централен довод за кислород за модуларната болница.
Сметам дека ова нема да попречи и ќе се одвива се во најдобар ред. За овој проект, којшто е наша обврска планирани се околу 2.700.000 денари, вели Ѓеорѓијев.
Оптимист е дека до крајот на месецов ќе биде комплетно завршена модуларната болница, а Инфективното одделение ќе се пресели во овој објект, со што ќе почне и реконструкцијата на зградата, со европски пари и од сопствен буџет ќе постават и централен довод за кислород.
Во штипскиот Ковид центар состојбата со болнички третирани пациенти е стабилна и во моментов имаат слободни болнички кревети.
МИА/Фото: Општина Штип