еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 15 лица, сите со коморбидитети

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 7 починати лица од Ковид-19: 4 починати лица од Скопје (68г, 74г, 75г и 93г) и по едно починато лице од Прилеп (83г), Велес (81г) и Струмица (72г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3),  Гостивар (1), Куманово (1), Охрид (1), Струмица (1) и Штип (1). Починатите лица се на возраст од 62г. до 96г.

Лицата за починати се пријавени во период од 19.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица 6 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на починати е 9.065.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 749 оздравени од Ковид-19

61 се реинфекции: 389 нови случаи на Ковид-19 од 2.624 тестови

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Прекрасна снимка од дивокоза на сртот на Бистра во НП Маврово

Редакција

УЈП: Скопјанка за една година остварила бруто приход од 17 милиони евра

Редакција

(Фото) Еден од најпознатите италијански дизајнери, Додо Арслан ќе одржи мастерклас посветен на италијанскиот дизајн

Редакција