еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 328 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 328 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 21 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 19 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 25 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 18, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 568 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Горан Грујевски инсистирал да се формира Комисија за поништење на опрема од УБК

Редакција

Семејството незадоволно, се уште нема трага од 22-годишниот возач кој со возило падна во Вардар кај Желино

Редакција

Апелација ја намали затворската казна за Јанакиески за „Титаник 1“, ја укина за Јанкулоска

Редакција