еМагазин
Image default
Македонија

ИВЗ демантира дека ги осудила протестите за „Монструм“ и скандирањето ОНА

Реисул Улема на Исламската верска заедница, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи го негира соопштението на Центарот за управување со кризи по одржаната средба меѓу двете страни во кое се вели дека ИВЗ го осудила протестот за случајот „Монструм“ и скандирањата ОНА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поглаварот на ИВЗ и Ангелов со заедничка осуда за скандирањето „УЧК„ и „Голема Албанија„ на протестот за „Монструм“

Неговата реакција Ви ја пренесуваме во целост:

„На барање на Центарот за Управување со Кризи вчера се одржа состанок со раководството на овој центар, составен од директорот и заменик директорот, Стојанче Ангелов и Екрем Зендели, началникот на Кабинетот на Центарот, Ферик Белули и шефот на протоколот.

На состанокот се разговараше за состојбата на кризата прогласена од државните институции како резултат на справување со глобалната пандемија на Ковид-19, како и за меѓуинституционалната соработка во итни ситуации како што се земјотреси, поплави, пожари, итн.

Исто така, се поздравуви вистинската соработка и поддршка што институцијата ИВЗ ја обезбедува за благосостојбата на населението во РCМ за време на кризни ситуации, како и помошта што таа и ја дава на државните институции за справување, што е можно поуспешно, со вакви ситуации и во интерес на мирот, стабилноста и социјалната благосостојба.

Во едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, како што е РСМ, толеранцијата, соработката и меѓусебното почитување е основа врз која мора да се гради заедничката демократска држава на законот и редот, каде што правата и слободите на секој граѓанин мора да бидат загарантирани, без оглед на националноста или верската припадност.

Судските процеси поставени на етничка или верска основа не смеат да бидат дозволени да ги уништуваат судбините на невините индивидуалци и на демократското општество како целина.

Правото на протест и изразување на слободна мисла се демократски вредности и непобитен дел од основните права на човекот, општеството и индивидуата. Затоа, треба да се осуди секоја тенденција да овие права се ограничат или злоупотребат за тесни приватни интереси и провокации.

Во исто време, нагласуваме за јавноста дека националните и историските вредности, како што се оние на ОНА – Ослободителна Народна Армија – или други организации, не биле, и не можат да бидат тема на разговорот на оваа средба. Обидот да се земе дел од оваа средба надвор од контекст е пристрасно и злонамерно.

Ова што го зборуваме го потврдува дистанцирањето на директорот на Центарот за управување со кризи во синоќешните вести на ТВ Сител и во неговиот личен профил на Фејсбук.

Секако дека е непобитен факт дека ОНА е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мирoven договор, кој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ“, се вели во реакцијата објавена на Фејсбук-профилот на ИВЗ.

Фото: Фејсбук/ИВЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Се зголемува бројот на случаи со Ковид-19 во Берово

Редакција

Сите детали: Како да поднесете барање за проценка штета по синоќешниот земјотрес во Битола

Редакција