еМагазин
Балкан

Во Србија вакцинирани над пола милион лица

Досега повеќе од половина милион луѓе се вакцинирани против коронавирусот во Србија, точно 513.652, јави допсиникот на МИА од Белград.

Србија сè уште е втора во Европа според бројот на вакцинации на милион жители, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија.

Според бројот на вакцинации на милион жители само Велика Британија е подобра од Србија ,а потоа се Малта, Данска, Исланд, Ирска, Романија, Словенија, Литванија, Швајцарија, Шпанија, Италија.

Кога станува збор за регионот, Србија е убедливо прва по бројот на вакцинации на милион жители. Следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.

Според вкупниот број вакцинирања, Србија е втора во регионот, по Романија, а зад Србија се Унгарија, Хрватска, Словенија и Бугарија.

Како што објави Алијансата за вакцини Гави, Србија во првата половина на 2021 година од Ковакс механизмот треба да добие 345.600 дози на вакцината на АстраЗенека против Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Чувај ме од горе„, на Фејсбук се огласи сопругата на младиот машиновозач кој загина во железничка несреќа во Грција

Редакција

Поради големиот број на заразени со Ковид-19 во Хрватска, сите поголеми болници во Загреб стануваат ковид-центри, се подготвува и Арена

Редакција

(Видео) Регионов згрозен: Ученици во Србија снимале професорка додека ја малтретираат и ѝ го турнаа столчето

Редакција