еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Битола лидер на мапата за старт-ап центри: Ниту една идеја не е лоша идеја, обуките почнуваат од 1 март

Ако имаш храброст и знаење за развој на иновативна идеја Битола старт-ап е твоето место e пораката која поттикнува млади луѓе да се охрабрат своите идеи да ги претворат во успешни бизниси во Пелагонискиот регион.

– Битола е веќе сериозно поставена на мапата на старт-ап центри, така што со овој повик очекуваме уште поголем број на апликанти кои со помош на нашата менторска и тренинг програма во следните неколку месеци ќе ги развиваат нивните иновативни старт-ап идеи, а најуспешните ќе бидат поддржани со грант во форма на финансиска поддршка за нивниот почеток, изјави Лидија Ангелкова координаторка на програмата за поддршка на старт-ап компании во ПРЕДА Плус Фондацијата во Битола.

Повикот е отворен за сите оние кои имаат иновативни идеи и сакаат да ги преточат во бизнис, но им недостигаат одредени знаења и поддршка да стигнат до целта. И во четвртата старт-ап програма ќе бидат вклучени врвни ментори и тренери кои се еминентни професионалци од македонскиот старт-ап екосистем, а селектираните ќе добијат и финансиска поддршка за стартување на нивните бизниси.

Инаку, Битола Старт-ап Центар е дел од Локално партнерство за вработување Битола кое е финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

– Целта на локалното партнерство за вработување со овој проект беше да создаде можности за отворање нови работни места и подобрување на вработеноста во Пелагонискиот регион, појаснуваат од Битола Стар-ап Центар.

Проектот се базира на холистички пристап во унапредувањето на претприемачките капацитети, преку обезбедување центар каде што потенцијалните стартапи може да се среќаваат и разменуваат информации и идеи и преку програма за обука и менторство, која ги води претприемачите низ целокупниот процес на развивање бизнис идеја, креирање стратегии и планови, и нивна промоција.

Есенскиот циклус на програмата ни покажа дека и покрај кризата предизвикана од Ковид-19 и стравовите и неизвесноста што таа ги наметна, битолчани се креативни и храбри и понудија голем број идеи кои имаат потенцијал да прераснат во успешен бизнис.

-Приказната продолжува понатаму, ни претстои новиот циклус на обука и менторство. Очекувањата се големи, имајќи ги предвид претходните резултати. Затоа, ги поттикнувам и охрабрувам младите и невработените да се пријават за програмата, бидејќи ниту една идеја не е лоша идеја. Како што кажал Волт Дизни, Сите наши соништа може да се остварат, само ако имаме храброст да ги следиме, – истакна Наташа Симјановска проектна координаторка на Меѓународната организација на трудот со седиште во Скопје.

Повикот iodbitolasemoze.typeform.com е отворен до 14 февруари. За учество во програмата ќе бидат избрани најиновативните идеи кои имаат потенцијал за развој и оние кои ќе ја имаат опцијата за вработливост.

За избраните учесници, стартап програмата започнува на 1 март, 2021 со заедничка воведна сесија во просториите на Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела на дизајн Скопје: Фестивал кој се враќа за да остане

Редакција

Трето издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје со поглед „Кон дигиталното“

Редакција

ОКТА главен спонзор на националната кошарка во претквалификациите за Олимпијадата 2024 и квалификациите за Евробаскет 2025

Редакција