еМагазин
Image default
Балкан

Во Србија вакцинирани над пола милион лица

Досега повеќе од половина милион луѓе се вакцинирани против коронавирусот во Србија, точно 513.652, јави допсиникот на МИА од Белград.

Србија сè уште е втора во Европа според бројот на вакцинации на милион жители, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија.

Според бројот на вакцинации на милион жители само Велика Британија е подобра од Србија ,а потоа се Малта, Данска, Исланд, Ирска, Романија, Словенија, Литванија, Швајцарија, Шпанија, Италија.

Кога станува збор за регионот, Србија е убедливо прва по бројот на вакцинации на милион жители. Следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.

Според вкупниот број вакцинирања, Србија е втора во регионот, по Романија, а зад Србија се Унгарија, Хрватска, Словенија и Бугарија.

Како што објави Алијансата за вакцини Гави, Србија во првата половина на 2021 година од Ковакс механизмот треба да добие 345.600 дози на вакцината на АстраЗенека против Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија не се подготвува да го крене ветото за Македонија, вели претседателот на бугарското Собрание

Редакција

За македонските граѓани останува на сила ПЦР тестот за влез во Србија

Редакција

(Видео) По митингот на Вучиќ, нов протест на опозицијата, се блокираше зградата на РТС

Редакција