По митингот за подршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа во Белград се организираше четврти по ред масовен протест „Србија против насилството“ во организација на опозицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Голем митинг за подршка на Вучиќ во Белград
Ja ovde ne vidim ni početak ni kraj ✊🏻 pic.twitter.com/bzpZ3gGe33
— Nemanja (@_nemoj_) May 27, 2023
Илјадници граѓани беа дел од протестот, а дел од нив направија голем прстен околу зградата на националната телевизија РТС.
Prvi snimci N1 iz drona sa četvrtog protesta "Srbija protiv nasilja" u Beogradu pic.twitter.com/C3yTqQgvK1
— TV N1 Beograd (@n1srbija) May 27, 2023
На протестот повик упатија – Демократската партија, Народната партија, Зелено – левиот фронт, Не го давиме Белград, партијата Заедно, Партијата за слобода и правда, Движењето на слободни граѓани, Синдикатот Слога и Движењето за пресврт.
Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедносната агеција, Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.
Видео: Твитер/N1