еМагазин
Image default
Балкан

За македонските граѓани останува на сила ПЦР тестот за влез во Србија

Кризниот штаб на српската Влада за борба против коронавирусот денеска одлучи сите постојни мерки да останат на сила и понатаму, бидејќи е оценето дека тие даваат резултати.

Кризниот штаб ја започна седницата со цел да се разгледаат мерките што беа донесени пред новогодишните празници, кои беа на сила до 10 јануари. Се дискутираше за три клучни теми – мерки за влез во земјата, работа на училиштата и мерки за економијата.

Мерките за влез во Србија остануваат со задолжителниот негативен ПЦТ тест за странските државјани или изолација до негативен тест за српските државјани.

Работното време на угостителските објекти останува до 20 часот, а на продавницата до 21 часот.

Вториот полугодие во образовниот процес ќе започне на 18 јануари, како што и беше предвидено, а на сила остануваат и претходно утврдените мерки, забрана за собирање на повеќе од пет лица, како и носењето маски во затворени простории.

Во Србија од денеска почна пријавувањето на граѓаните за вакцинација, која се врши електронски преку порталот Е-управа, а од четврток тоа ќе моат да го направат и преку телефонско закажување.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен Бојко Борисов

Редакција

Почина 16-годишното момче кое грчки полицаец го застрела во главата, оти не платило сметка за бензин

Редакција

Поради гените на Балканот има помалку починати од коронавирусот, тврдат белгиски научници

Редакција