еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Поради гените на Балканот има помалку починати од коронавирусот, тврдат белгиски научници

Истражувачите од Универзитетот во Гент веруваат дека со генетските разлики меѓу жителите може да се објасни зошто повеќе луѓе починале во некои земји поради вирусот Ковид-19.

Според нив, ова може да објасни зошто скандинавските или источноевропските земји се помалку погодени од другите земји, пишува белгиски „Ла Либре“.

Весникот посочува дека во скандинавските земји бројот на смртни случаи од коронавирусот е многу помал од просекот, и дека во балканските земји бројот на умрени е релативно мал. Од друга страна, коронавирусот тешко ги погоди северна Италија, Шпанија и Њујорк.

Експертите заклучуваат дека сериозноста на пандемијата е под влијание на одредени генетски карактеристики. Поточно, тие ја откриле врската меѓу генот ACE1 и развојот на вирусот и заклучиле дека колку повеќе луѓе во една земја имаат Д полиморфизам на тој ген, толку помалку смртни случаи од коронавирусот има во таа земја.

Полиморфизмот, патем, е појава на повеќе варијанти на истиот ген во рамките на една популација.

– Колку понатаму одиме кон истокот на Европа почест е полиморфизмот на генот ACE1 D“, вели професорот Јoрис Деланж, посочувајќи дека сериозноста на епидемијата со Ковид-19 се намалува одејќи од западна кон источна Европа.

Научниците сметаат дека дури 41 отсто од разликите во јачината на пандемијата во одделни земји може да се објасни со зачестеноста на полиморфизмот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Јутарњи“: Парламентарни избори во Хрватска во јули

Убава вест: Првпат во државава, пациент на 37 годишна возраст со Ковид-19 тргнат од респираторна машина

Следната недела почнува скрининг тестирање за корона вирусот кај сите критични категории

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приватна компанија исплатила 500 денари регрес за годишен одмор, а трудов инспектор не констатирал повреда на законот

Редакција

Починаа уште петмина заразени пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 346

Редакција

Турција ја пушти Шведска во НАТО

Редакција