еМагазин
Image default
Локално

Приведен пироман кој опожарил „ауди“ во Скопје

На 05.02.2021 година, по преземени мерки од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, извршен е претрес во дом и помошни простории кај А.М.(37) со престојувалиште во село Варвара, скопско., информира МВР.

„Лицето се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“ казниво по член 288 од КЗ на РСМ, извршено на 04.01.2021 година кога на улица „Јабланица“ во Скопје било опожарено патничко моторно возило „aуди А4“ со скопски регистарски ознаки.

Oд пожарот било зафатено уште едно патничко моторно возило „форд мондео“. При извршениот претрес кај А.М. пронајден и одземен е пиштол, рамка со куршуми како и поголема количина на куршуми за кои истиот не поседувал ообрение.

Лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пукање во физичка пресметка меѓу две групи во локал во Скопје

Редакција

Хорор во Скопје: И влегол дома за да ја силува

Редакција

Почина еден од повредените на „Пластичарска“

Редакција