еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Плашејќи се од Ковид-19, заборавивме на здравјето: И од дебелина се умира

Само 891 лице имале бесплатен лекарски преглед во текот на минатата година согласно програмата „Здравје за сите“, што е драстичен пад во однос на претходниот период, покажува новиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Драстичното намалување на бројот на прегледани лица се должи на постоечката пандемија предизвикана од коронавирусот (САРС-КоВ-2).

„Опфатот на лица од урбана средина е значително пoмал во однос на лицата од рурална средина (8,08% во град и 91,92% во село), што е изразена појава во последните шест години, за разлика од претходните години каде што доминираа лица од градска средина“, се укажува во извештајот.

Од сите возрасни групи, граѓаните над 65 годишна се најзастапени на прегледите, со 50,51%. Возрасната група од 40-49 години е присутна со 10,33% што е помалку од претходната година, 13,1%%.

Граѓани на возраст од 50-64 години се застапени со 29,07% и процентот е исто така помал од 2019 година, 33%. Најмалку се застапени граѓани до 40 годишна возраст, 9,6%, што е исто така помалку од претходната година, 12,2%.

Нормална телесна тежина според индексот на телесната маса е евидентирана само кај 24,02% од испитаниците, што незначително се разликува од резултатите во 2019 (24,5%).

Најзастапена е групата со зголемена телесна тежина 45,01%, додека обезноста е застапена дури со 24,47%. Потхранетоста е застапена кај 5,95% што е помалку од минатата година (14,0%).

Добиените резултати во делот на нормална телесна тежина и обезноста се многу слични на податоците добиени во претходните години. Разлика постои во делот на потхранетоста која е помала од минатата година, но сепак споредено со претходните години секако бележи тренд на зголемување.

Зголемување во однос на претходната година постои и кај лицата со зголемена телесна тежина.

Кај 51,07% од граѓаните е констатирана нормална толеранција на шеќер во крвта што е пониско од 2019, 56,12%. Нарушена толеранција на шеќер во крвта, умерен ризик, имаат 37,71% од граѓаните, (во 2019, 36,22%,), а повисоко (ризично) ниво на шеќер во крвта има кај 7,74% од популацијата,(6,01% во 2019).

Од иследувањето е утврдено дека постојат разлики во однос на половата дистрибуција кај вредностите на гликемијата со помала застапеност на нормалните вредности на гликемијата во споредба со резултатите од претходната година.

Кај женската популација нормалните вредности се многу пониски (48,15%, 2020, 57,55% во 2019). o Во однос на дистрибуцијата според место на живеење утврдено е дека и кај лицата кои живеат во град најголемиот дел имаат нормални вредности 50,00% (2019,48,36%), додека во руралните области изнесува 51,16% (намалување во споредба со 2019, 58,22%).

Споредбено со 2019 година се забележува зголемување на бројот на лица со нарушена толеранција на шеќер во крвта со висок ризик на гликемија како во урбаните средини така и во руралните области.

Во однос на нормалните вредности на холестерол во крвта, констатирано е зголемување во споредба со 2019 година и значително намалување во споредба со регистрираните граѓани во претходните четири години.

Вредностите на умерен ризик на холестерол во 2020 се зголемени во споредба со 2019 година а намалени со претходните пет години, додека, постои тренд на намалување на вредности на висок ризик во истиот период.

Според пол, од иследувањето е утврдено дека постојат разлики меѓу половите на измереното ниво на холестерол во крвта во категориите гранично, ризично ниво, со поголема застапеност на умерен и висок ризик кај женската популација за разлика од минатата година кога поголема застапеност на умерен и висок ризик постоеше кај машката популација.

Нормалните вредности на измерен холестерол во крвта е скоро идентично и кај двата пола, за разлика од минатата година кога поголема застапеност на нормалните вредности на измерен холестерол во крвта постоеше кај машката популација.

Во однос на дистрибуцијата според место на живеење утврдено е дека постои голема разлика особено кај нормалните вредности на холестеролот и умерениот ризик, притоа нормалните вредност на холестеролот се почесто застапени во руралната средина, додека умерениот ризик е повеќе присутен во урбаната средини.

Во однос на претходните години, кај нивото на холестеролот се забележува континуиран пад на нормалните вредности почнувајќи од 2015 година до 2020, со исклучок на 2019, каде што има големо зголемување на нормалните вредности во урбаните средини, и незначително во руралните средини. o

Вредностите на умерени и висок ризик за разлика од 2019, во 2020 имаат промени во однос на големо зголемување во урбаните средини и незначително во руралните средини.

Добиените параметри за нормалните вредности се повисоки од резултатите добиени од минатата година а пониски од резултатите добиени во претходните неколку години. Вредностите за умерен и висок ризик на систолниот притисок кај населението се повисоки од вредностите добиени во претходните неколку години.

Според пол, женската популација е почесто застапена со нормални вредности, вредностите на умерен и висок ризик на систолниот притисок во споредба со машката популација, за разлика од минатата година кога мажите беа почесто застапени.

Со зголемување на возраста, се зголемува застапеноста на население со вредности на умерен или со висок ризик на систолен притисок. Во 2020 се забележува поголемо намалување на вредностите на нормалниот притисок во урбаните средини и минимално во руралните за разлика од 2019 година.

Присутно е зголемување на вредностите на систолен притисок со висок ризик, и е повеќе застапено во урбаните (највисоко од 2013 до 2020) а помалку во руралните средини.

Нормални вредности на дијастолниот притисок се зголемени во однос на 2019. Вредностите на висок ризик на дијастолниот притисок се повисоки во однос 2019 и 2018 година.

Во однос на половата дистрибуција, нормалниот дијастолен притисок е позастапен кај жените.

Според степенот на урбанизација, поголема е застапеноста на нормалните вредности на дијастолниот крвен притисок кај лицата во урбаните средини во споредба со руралните, а не се бележат значителни разлики меѓу лицата кои живеат во град и село кај вредностите на умерен и висок ризик.

„Спроведените активности за рана детекција на здравствен ризик кај популационите групи во РСМ, во целост не ја остварија целта, затоа што не се подеднакво опфатени возрасните групи (особено е мало учеството на помладите возрасни групи) и не може да се процени вкупниот здравствен ризик.

Со оглед на нискиот број на луѓе опфатени со превентивните прегледи, потребно е да се засилат активностите за поголема вклученост на населението (зголемена информираност преку средствата за јавно информирање)“, се заклучува во извештајот на ИЈЗ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар над Вешала на Шар Планина

Редакција

Во возило пронајден починат 39-годишен маж со прострелни рани

Редакција

Во кумановскиот затвор се обесил осомничениот за убиството на сестра му и внукот во Габреш

Редакција