еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Голем успех: Горан Пандев стана најефикасен фудбалер во Италија од просторите на екс Југославија

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев постигна два гола за Џенова во мечот против Наполи и обезбеди победа на неговиот тим со 2:1.

Со двата гола тој дојде до вкупно 97 постигнати голови во првата италијанска фудбалска лига со што стана најефикасниот фудбалер од просторите на поранешна Југославија во Серија А.

Италијанските медиуми го поздравија успехот на Пандев. Тој изјави дека по настапот на Европското првенство, ќе донесе одлука околу неговото пензионирање.

„Пензија? Имав тежок период да се рехабилитирам од последната повреда, но сѐ уште се забавувам и добро сум. Ќе видиме. Моето размислување е да се пензионирам после Европското првенство, но сѐ уште ништо не се знае“, изјави Пандев кој изрази надеж дека ќе дојде до бројката од 100 постигнати голови во Калчото.

Фото: Фудбалска репрезентација на Македонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Познато кои спортски брендови ќе се продаваат во East Gate Mall: Еден од нив за прв пат доаѓа во Македонија

Редакција

Директорот на протоколот на МНР кој го згреши знамето на Словенија унапреден во амбасадор во Москва, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Од Ковид-19 починале 14 лица, дополнително пријавени уште осум

Редакција