еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот за денар

Цените на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,5 денари за литар, а дизел горивата поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,76 отсто.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,5 денари за литар, и ќе изнесуваат 62,5, односно 64,5 денари.

Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за еден денар така што еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 53, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 42 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,448 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,884 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,317 отсто и  кај дизелот за околу 5,308 отсто, како и за 0,666 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најавата од млинарите за откуп на пченицата за 9, 10 и 11 денари за килограм ќе доведе до колапс на производителите на жито, велат од ЗК Пелагонија

Редакција

ГТЦ во првите шест месеци со добивка

Редакција

На 12 илјади лица со години не им биле префрлани средства во вториот пензиски столб

Редакција