еМагазин
Image default
Македонија

Полициски службеници од СВР Куманово примиле поткуп, МВР ги суспендираше

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ на РСМ, соопштија од МВР.

– Полициските службеници за да не извршат службено дејствие кое морале да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог на возач кој сторил сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп во материјални добра, кои што по пријавувањето на случајот се пронајдени кај полициските службеници и вратени на сопственикот, информираа од МВР.

Против полициските службеници до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава и тие се суспендирани од своите работни места до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвореник во штипскиот Затвор заразен со Ковид-19

Редакција

Вкупно 39 години затвор за несреќата кај Ласкарци: 14 за возачот, 4 за сопственикот на „Дурмо турс“

Редакција

Нови 554 случаи на Ковид-19, во Скопје 309

Редакција