еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 39 години затвор за несреќата кај Ласкарци: 14 за возачот, 4 за сопственикот на „Дурмо турс“

Вкупно 39 години затвор добија шестмината обвинети за автобуската несреќа кај гостиварското Ласкарци, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа повредени.

Најголема затворска казна од 14 години доби возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, додека газдата на фирмата „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули доби 4 годишна казна затвор.

Одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари е осуден на 6 години затворска казна.

Вработените во Техничкиот центар на фирмата, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, добија по пет години казна затвор како соучесници.

Покрај затворските казни, Судот на обвинетите им изрече и забрана за вршење на професијата од пет години за секого.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По третпат се очекува да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција

Новопочинатиот пациент од коронавирусот од Лабуништа имал претходни заболувања

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ најавува нова доктрина и кадровски промени по Конгресот на 12 декември

Редакција