еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) “Сметките се на првата маса десно, зад вратата“: Грчките угостители ги предаваат клучевите од нивните објекти на Владата

Пуштете кислород, се гушиме. Ги предаваме клучевите од угостителските објекти, под овој слоган од грчката Федерација на угостители, денеска, во цела Грција ги собираат клучевите од нивните објекти кои се над три месеци затворени и планираат да ѝ ги предадат на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

На плоштадот Синтагма во центарот на Атина, поставен е штанд со кутија во која се собираат клучевите.

Сопствениците потпишуваат изјава, која заедно со клучот оди во плико во кутијата.

„П.С. Вратата е два пати заклучена. Цвеќињата треба да се навадат, овенати се, прекинато е снабдувањето со електрична енергија, потребно е одново да се приклучи. Ако ѕвони телефонот, подобро е да не одговориш. Сметките се на првата маса десно, зад вратата. Со среќа и пријатна работа“, пишува на крајот од изјавата што ја потпишуваат сопствениците на угостителските објекти.

Претседателот на Федерацијата на угостители Јоргос Каватас во разговор со дописничката на МИА од Атина, вели дека четири од десет угостителски објекти веројатно воопшто нема да отворат, но и дека им е потребна финансиска поддршка, како за време на карантинот, така и кога одново ќе отворат.

– Нашиот сектор е во многу лоша состојба. Според податоците што ги имаме, од направените истражувања на Институтот на Конфедерацијата на професионалци, трговци и занаетчии, четири од десет бизниси се во опасност целосно да затворат и да не можат да отворат.

Готовината со која што располагаат 40 отсто од сопствениците е еднаква на нула, на 40 проценти е доволна за еден месец, а само 16 проценти имаат готовина на располагање за два месеци. Потребна ни е поддршка за време на карантинот, но и потоа, вели Каватас.

Откако ќе ги соберат клучевите од цела Грција, планираат во следниот период да ги достават до Владата.

МИА/Фото: МИА/Видео: ТВ Стар/Star Κεντρικής Ελλάδας

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кирил Петков ја брани Чернева, не оддавала државни тајни на Македонија

Редакција

Хеленик Петролеум ја заврши 2021 година со подобрени оперативни резултати и успешна имплементација на новата стратегија „Визија 2025“

Редакција

(Фото) За 15 милиони евра се продава вила на семејството на Аристотел Оназис

Редакција