еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Пекол во Чешме во Турција, откако беше погоден од торнадо

Торнадо синоќа го погоди турскиот град Чешме на егејскиот брег, оставајќи пустош во кој беа повредени 16 лица, соопштија локалните власти.

Торнадото го зафати градот Чешме, околу 90 километри западно од Измир, уривајќи дрвја, уништувајќи покриви на куќи, како и голем број автомобили и бродови.

Најмногу е погодено локалното градилиште каде се градат летни вили, каде падна кран кој ја уништи монтажната куќа на градежниците, кои се здобија со повреди, а еден заврши во болница со скршеница на ногата, јави новинската агенција Анадолија.

– Чешме, рајот на земјата, претрпе пекол минатата ноќ, рече градоначалникот Екрем Оран.

МИА/видео: KN News/фото: sabah.com.tr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Аеродром склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 588,6 илјади евра

Редакција

(Фото) Бугарска фондација купи 2/3 од куќата на писателот Талев во Прилеп

Редакција

Обвинение за едно лице, истрага за уште четворица за криминал при изведбата на фасадата на Владата

Редакција