еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во речиси 130 земји, меѓу кои е и Македонија не стигнала ни една вакцина против Ковид-19

Од досега испорачаните 128 милиони вакцини низ светот, повеќе од три четвртини вакцинирани има само во десет земји, кои сочинуваат 60 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП). Со други зборови, во речиси 130 земји со 2,5 милијарди луѓе, се уште не е пристигната ниту една вакцина.

За податоците кои ги соопшти Светската здравствена организација (СЗО) се наведува дека претставуваат самопоразителна стратегија, која ќе „чини животи и егзистенции“, а на вирусот ќе му се овозможи да мутира и да го поткопува глобалното економско закрепнување.

Затоа СЗО заедно со својот партнер УНИЦЕФ ги повика светските лидери да гледаат подалеку од своите граници и да спроведуваат вакцинација поради завршување на пандемијата и ограничување на можноста за мутација.

Земјите учеснички во програмата Ковакс се подготвуваат за вакцинација. Иако здравствените работници се обучени и подготвени се ладилниците за транспорт и чување на вакцини, сепак недостасува подеднаква понуда, односно распределба на вакцините.

За тоа е неопходно државите кои веќе го вакцинирале својот здравствен персонал и најризичниот дел од населението, да поделат вакцини преку Ковакс програмата, производителите на вакцини правично да ја расподелат понудата на вакцини, да разменуваат податоци за безбедноста, ефикасноста и производството како приоритет.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го повика СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%

Редакција

(Видео+фото) Како полицијата и пожарникарите извлекуваа заглавени возила во Скопје

Редакција

Твитер фати сеир за сведочењето на Пимен: „Влегуваат поп, Бетмен и нинџа во кафана…“

Редакција