еМагазин
Image default
Македонија

Одложена посетата на Османи на Босна и Херцеговина

За денеска најавената посета на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на Босна и Херцеговина е одложена поради технички и организациски причини, информираа за МИА од Министерството за надворешни работи.

– По дводневната посета на Брисел и Луксембург, министерот за надворешни работи Бујар Османи, синоќа требаше да отпатува за Сараево, каде покрај средбата со својата колешка, министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, требаше да оствари средби и со останатите претставници на државниот врв на БиХ, наведуваат истите извори.

МНР додава дека работната посета на Османи на Сараево е одложена, бидејќи поради технички и организациски причини не било можно да се реализира патувањето од Брисел до Сараево.

– Османи и Тураковиќ изразија жалење за пропуштената можност, реафирмирајќи ја желбата за наскоро рализирање на меѓусебната средба, се нагласува во инфомацијата на МНР доставена до МИА.

Претходно, и Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина соопшти дека посетата на Османи на Сараево е одлoжена „поради технички проблеми поврзани со доаѓањето на делегација од Република Северна Македонија во БиХ“.

Босанското Министерство информира и дека за новиот датум на посетата медиумите ќе бидат навремено информирани.

Османи денеска требаше да престојува во работна посета на БиХ, во рамки на неговата турнеја низ земјите од регионот.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уранија Пировска: Јас не знам како да ја сфатиме изјавата на Заев за национално помирување освен како амнестија

Редакција

Пендаровски со косовската колешка разговарал и за унапредување на правата на Македонците во Косово

Редакција

Дебарчанец почина од Ковид-19, досега вкупно 564 починати од вирусот

Редакција