еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата го повика СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%

Владата денеска на седница ги задолжила министерствата за образование и наука, зa труд и социјална политика и за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти.

Од Владата го повикуваат Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) да го прифати ова покачување и, како што посочуваат, во интерес на децата да продолжи образовниот и згрижувачкиот процес.

За ова прашање Владата денеска расправала во рамки на 40-та седница при што ја разгледала и усвоила Информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, согласно одлуката на СОНК.

-Владата формираше работна група во која се вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, да отпочнат процес за преговори за колективен договор со репрезентативниот синдикат и за методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор.

Во заклучоците по оваа точка е вклучено и задолжувањето за Министерството за информатичко општество и администрација да започне процес за подготовка на закон за платите во јавниот сектор, информира владината прес-служба.

Владата воедно ги задолжила Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да ги преземат сите чекори за одржување настава во основното и средното образование, и згрижувањето на децата во градинките согласно уставно загарантираното право за образование и за предучилишна грижа на децата и согласно законски утврдените одредби за одвивање на настава во услови на штрајк.

Владата ги задолжила Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк.

Владата ги задолжила Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да достават информација до Владата за одговорот на СОНК во врска со овие заклучоци, како и да побара писмено известување врз основа на кој правен акт е прекината наставата во основните и средните училишта и врз основа на кој законски акт персоналот на предучилишните установи одбиваат да ги примат децата, се истакнува во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На грчките острови ќе се патува со грчки „Green Pass“

Редакција

Праша ли Груби во Тирана зошто Македонците во Пустец со децении имаат проблем со снабдување со електрична енергија

Редакција

Ковид-19 ги „зарази“ винариите кои што котираат на Македонската берза

Редакција