еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Праша ли Груби во Тирана зошто Македонците во Пустец со децении имаат проблем со снабдување со електрична енергија

Првиот вицепремиер Артан Груби по Косово ја продолжи „турнејата“ на наша сметка во Албанија, каде идентично се сретна со тамошниот државен врв во врска со пописот, па заедно со нив ги повика Албанците од дијаспората да се самопопишат на пописот во Македонија.

Владата не гледа проблем во „турнеите“ на Груби за пописот, и покрај тоа што тој да се самопопише ја повикува само албанската заедница.

Бидејќи во најголем дел го плаќаат Македонците (може да провери колкава е наплата на данок во Арачиново, Тетово или Гостивар, има податоци), Груби додека беше во Албанија требаше да праша зошто Македонците во Пустец 50 години имаат проблем со снабдување со електрична енергија, а не да се слика за на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Арачиново често има израз и на насилство кога се бара да се наплати данок на имот, вели Заев

„И вие не би плаќале данок, ама не живеете во Арачиново“: Твитер реакции

Арачиново воопшто не наплаќа данок на имот, најмногу приходи остварил скопски Центар

Во истиот ден додека тој беше во Тирана, во албанскиот Парламент, пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ), Васил Стерјовски, повторно ја пренесе загриженоста на Македонците, жители на општина Пустец во врска со проблемот со снабдување со електрична енергија, пренесе МИА.

“Како пратеник од округот на Корча, во Парламентот, во повеќе наврати ја имам изразено загриженоста на жителите од македонската заедница во општина Пустец во врска со проблемот со снабдувањето со електрична енергија.

Од времето на електрификацијата повеќе од 50 години во главната мрежа и дистрибуција на електрична енергија во општина Пустец, не е извршена никаква интервенција“, рече Стерјовски.

Додаде дека електромрежата е амортизирана и следствено на тоа создава тешкотии во секојдневниот живот на жителите, а ја попречува и туристичката сезона.

Стерјовски потсети дека на една од пленарните сесии минатата година, министерката за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, во врска со овој проблем, ветила дека и Пустец ќе биде под внимание на министерството, но, оти „до денес не е преземена ниту една мерка за решавање на овој проблем“.

“Барам од Министерството за инфраструктура и енергетика сериозно да го сфати проблемот со снабдување со електрична енергија на општина Пустец и да вложи во реконструкција на електричната мрежа, бидејќи жителите на општина Пустец во овие триесет години се пример во однос на плаќањето на сметките за потрошена електрична енергија, со 100 отсто наплата“, посочи Стерјовски.

Груби можеше да сретне и со Стерјовски, па од прва рака да им ги пренесе проблемите на Македонците во Албанија на државниот албански врв.

Фото: Фејсбук/Груби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внукот на Ахмети, Дрин, барал повеќе пари, ама му одобриле само 82 илјади евра, велат од Фондот за иновации и технолошки развој

Редакција

Вработените во ЈСП протестираат пред Владата за неисплатена плата

Редакција

Дојави за бомби во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп

Редакција