еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Неуспешен обид за марш на неонацисти во Софија

Во Софија, Бугарија, вчера имаше неуспешен обид за организирање на т.н. Луков марш од страна на различни бугарски националистички групи во спомен на генералот Христо Николов Луков, под мотото „Ние не капитулираме“.

Како што пренесоа бугарските медиуми, кратко откако учесници на маршот се собрале во центарот на Софија, градоначалничката Јорданка Фандакова издала наредба за забрана на собирот, по што полицијата ги разделила насобраните граѓани во помали групи.

Според наредбата од градоначалничката им бил забрането да маршираат низ Софија, но им било дозволено да се соберат пред куќата во која живеел Луков. По интервенцијата на полицијата, тие се упатиле кон куќата во која живеел генералот.

Пред одржувањето на Луковиот марш, пред Музејот за историја во Софија, се собрала и друга група на граѓани кои протестирале под мотото „Без нацисти на нашите улици“.

Минатат година софиските градски власти го забранија маршот, но оваа година не.

Луковиот марш се организира од 2003 година од страна на крајно десничарската неформална организација Бугарски национален сојуз предводена од Звездомир Андронов. Ова групација се обвинува за ширење на неофашистички, неонацистички, расистички и хомофобични идеи.

Христо Николов Луков бил бугарски генерал и министер за војна на Царството Бугарија во периодот 1935 – 1938 година. Тој бил раководител на крајно десничарската организација Сојуз на бугарските национални легии и имал блиски односи со водачите на Нацистичка Германија. Со својата дејност го промовирал нацизмот во Бугарија.

Фото/видео: Луковмарш/Фејсбук/You tube/Твитер/Ruptly

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според првичните анкети за излезноста, повторно нема видлив победник на изборите во Бугарија

Редакција

Ципрас: Во Парламентот има мнозинство и за Договорот од Преспа и за доверба на Владата

Редакција

(Видео) Босански лекар хит на социјалните мрежи: „Нашиот народ нема теоретски шанси да биде здрав“

Редакција