еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вакцинанцијата против Ковид-19 во Македонија ќе почне в среда со вакцинирање на здравствените работници

Со првите дози на „Фајзер“ вакцините кои ги добивме како донација од Србија, в среда ќе почне вакцинирањето против коронавирусот во нашата земја, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Првите вакцини против Ковид-19 складирани во фрижидер

(ВИДЕО) Ни од Бугарија, ни од Грција, ни од ЕУ, првите вакцини во Македонија дојдоа од Србија

Филипче потенцираше дека вакцинацијата ќе почне со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Фрижидерите за чување на вакцините од Фајзер, кои стигнаа од Србија се подготвени

Филипче во изјавата на граничниот премин Табановце каде беа предадени првите вакцини од Србија, изрази благодарност до српската Влада што отстапија дел од нивните вакцини.

– Оваа криза покажа дека солидарноста е важна и дека не постојат граници. Ние сме целосно спремни, вакцините се веќе на пат да бидат сместени во соодветните фрижидери. После најавата во петокот вечерта на Фајзер, ние во текот на вчерашниот ден работевме.

Го потпишавме трипартитниот договор, што беше практично услов да се случи оваа донација од Србија. Вакцините се денеска во нашата земја.

Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови, после што вакцинацијата ќе започне во среда со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје, потенцираше Филипче.

Во Северна Македонија денеска пристигна првата пратка на вакцини против Ковид-19 од Република Србија. Станува збор за 4.680 од вкупно 8.000 вакцини од компанијата Фајзер.

На примопредавањето учествуваше делегација од Србија предводена од претседателот на државата Александар Вучиќ и делегација од земјава предводена од премиерот Зоран Заев.

Вакцинацијата ќе се одвива во три фази согласно утврдениот Национален план за имунизација на населението.

Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција.

Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

МИА/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добивката на компаниите кои котираат на Македонската берза за 6 месеци намалена за 18%

Редакција

Пет нови ковид-амбуланти во Скопје, за сега нема нови мерки

Редакција

Ковачевски и Османи загрижени за експлозиите на полска територија

Редакција