Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за периодот од 8 до 14 февруари покажуваат дека се тестирани вкупно 16.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,2%, во однос на минатата недела.
„Регистрирани сe 2.232 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 5,3%, во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=953; 42,7%), со неделна инциденца од 154,3/100.000.
Највисока неделна инциденца од 425,2/100.000 е регистрирана во Кавадарци.
Процентот на позитивност се движи од 6,8 до 16,6%, просечно 12,9%“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Намалување од 34,8%: За една недела 43 смртни случаи од Ковид-19 во Македонија
За една недела 53 деца до 9 години во Македонија заболеле со Ковид-19
Во Македонија регистрирани поголем број нови варијанти на Ковид-19, можен внес од странство
Фото: МЗ